петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Фудбал

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Натпреварот од 12. коло во португалското првенство меѓу градските ривали Белененсес и Бенфика синоќа во Лисабон се претвори во фарса и беше прекинат во 49 минута при водство на гостинската екипа од 7:0.

Поради голем број заразени фудбалери со коронавирус, Белененсес го почна натпреварот со само девет фудбалери, што Бенфика безмилосно го казни со седум голови во првото полувреме.

На почетокот на вториот дел бројот на играчи во редовите на Белененсес се спушти под неопходниот минимум од седум играчи по што дуелот беше прекинат.  (МИА)

Коронавирус