сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Фудбал

Насри на проба во Вест Хем

Насри на проба во Вест Хем

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри, е на тест во Вест Хем, со желба да преговара за договор со премиерлигашот.

Менаџерот „чеканите“ Мануел Пелегрини, пред да потпише договор со Насри, сака да ја провери физичката состојба на францускиот фудбалер на кого во декември му истекува казната за допинг, објави ББС.

Вест Хем има потреба од играч со таков профил, поради повредите на Мануел Ланчини и Андреј Јармоленко, иако Насри нема да има право да игра пред новата година.

Насри последен натпревар одигра пред една година во дресот на Анталија против Фенербахче во турското првенство, а потоа два месеци подоцна беше отпуштен поради употребата на нелегални средства.

Зад него е големо искуство во Премиер Лигата, каде што помина девет години играјќи за Арсенал и Манчестер Сити, а беше член и на Олимпик Марсеј и Севиља.

МИА