среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи три месеци без повредениот Осимен

Наполи три месеци без повредениот Осимен

Актуелниот лидер во Серија А, Наполи, следните три месеци ќе биде без услугите на нигерискиот репрезентативен напаѓач Виктор Осимен поради орбитална фрактура на лицето.

Соиграчот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во редовите на Наполи се повреди при дуел на теренот со дефанзивецот на Интер, Милан Шкринар, за време на првенството дерби во неделата.

Поради повредата Осимен нема да биде ниту во составот на Нигерија на претстојниот Куп на африканските нации, закажан од 9 јануари до 6 февруари во Камерун. (МИА)

Коронавирус