петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 190
home Фудбал

Наполи со пресврт до победа против Јувентус

Наполи со пресврт до победа против Јувентус

Јувентус има само еден бод по три кола во Серија А, откако вечерва избраниците на Алегри загубија на гостувањето на „Диего Армандо Марадона“кај Наполи со 2-1.

„Старата дама“ добро го почна натпреварот и поведе со голот на Мората по десет минути игра, но прикажа премалку во продолжението, особено во второто полувреме.

Наполи силно притисна и стигна до изедначување во 57. минута. Инсиње биеше од работ на шеснесетникот, Шчесни реши да фаќа место да боксува, топката му падна од раце а Политано најдобро се снајде и погоди за 1-1.

Пресвртот се случи на пет минути пред крајот, Моизе Кин само што влезе во игра реагираше неспретно по еден корнер, за малку ќе го матираше Шчесни, но откако голманот одбрани, Кулибали ја затресе мрежата за 2-1.

Локални избори 2021