четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

Наполи нема да ја намалува цената на Кулибали

Наполи нема да ја намалува цената на Кулибали

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, нема намера да ја намали сумата за дефанзивецот Калиду Кулибали во текот на летото, и покрај кризата со коронавирус што ја зафати скоро секоја екипа во Европа.

Ексцентричниот шеф ќе се раздели со 28-годишниот дефанзивец доколку добие понуда од 100 милиони евра, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Кулибали продолжува да биде еден од најпосакуваните дефанзивци, а силен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. Сепак, тие треба да бидат свесни дека ќе треба да се потрошат ако сакаат да го имаат Сенегалецот во своите редови.

Оваа сезона Кулибали има одиграно само 15 натпревари досега, откако се бореше со повреди. Сепак, тој одигра клучна улога во пласманот на Наполи за осминафиналето во Лигата на шампионите.

ЕУРО 2020

Македонија