недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи не го пушта Елмас, одбиени понуди од неколку европски гиганти

Наполи не го пушта Елмас, одбиени понуди од неколку европски гиганти

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ќе остане во Наполи, откако италијанскиот прволигаш одбил неколку понуди за неговите услуги од прволигашки гиганти од Германија, Португалија и Англија.

Информацијата денеска ја обелодени новинарот на италијански „Раи Спорт“ и добар познавач на фудбалскиот трансфер пазар Чиро Венерато при гостување во неаполското „Радио Кис Кис“.

Според истиот извор, изминатиот период Наполи категорично одбил понуди во висина од 25 милиони евра, кои пристигнале за македонскиот репрезентативец, од бундеслигашите, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, како и од премиерлигашот Лидс и португалскиот гигант Бенфика

– На Елмас му оди многу добро во Наполи. Бенфика, но исто така, и Лидс и Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд понудија 25 милиони евра за него, но (спортскиот директор Кристијано) Џиунтоли одговори дека за тоа нема да се разговора, играчот не оди никаде, тој е наше богатство и останува во Неапол, обелодени Верато за „Радио Кис Кис“.

Елмас ја игра својата втора сезона во дресот на Наполи, откако дојде во италијанскиот прволигаш од редови на Фенербахче за сума од 16 милиони евра.

Локални избори 2021