четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Наполи го прекина двомесечниот пост

Наполи го прекина двомесечниот пост

Со автоголот на Педро Обијанг во последната минута од судиското надополнување, тимот на Наполи синоќа забележа победа на гостувањето кај Сасуоло со 2:1.

За „наполитанците“ ова е прв триумф во последните два месеца, воедно и прва победа под водство на тренерот Џенаро Гатузо.

Дуелот беше од 17.коло на италијанската Серија А.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој настапува за Наполи, во игра влезе во 70.минута и беше во дуел со Обијанг при постигнувањето на победничкиот гол.

Наполи со 24 поени се искачи на осмото место на табелата, додека е 13-ти со 19 бода.