петок, 6. декември 2019. Вести денес: 164
home Фудбал

Наполи го прави Кулибали најплатен играч

Наполи го прави Кулибали најплатен играч

Еден од најдобрите одбранбени фудбалери на светот Калид Кулибали, го отфрли интересот на европските гиганти и потпиша нов договор со Наполи, објавија бројни италијански медиуми.

Сенегалецот стана најплатениот фудбалер на клубот од Неапол со плата од шест милиони евра годишно.

Тоа што е најважно за Наполи е дека за Кулибали нема да има излезна клаузула, што значи дека претседателот на клубот, Аурелио Де Лорентис, ќе има одлична позиција во преговорите во случај на предвремен раскин на договорот.

Минатата недела италијанскиот клуб ја отфрли понудата на Манчестер јунајтед во вредност од 100 милиони евра за Кулибали, за кого голем интерес пројавуваат Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер сити и Челзи.

Дваесет и седумгодишниот Кулибали, петтата сезона по ред настапува во Наполи, а претходно играше за Генк и Мец.

МИА