петок, 3. декември 2021. Вести денес: 120
home Фудбал

Наполи ги сака ВАР фајловите од мечевите на Јувентус

Наполи ги сака ВАР фајловите од мечевите на Јувентус

„Кориере дело Спорт“ пишува дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лауренти е фрустриран од последните судиски одлуки во Серија А.

Во последното коло Наполи одигра 0-0 кај Рома, а Јувентус 1-1 кај Интер со гол од пенал на Дибала во финишот од мечот.

Де Лаурентис бил гневен бидејќи смета дека ВАР не досудил пенал за неговиот тим на мечот со Рома кога имало контакт меѓу Замбо Ангуиса и Матиас Виља.

Но, за слична ситуација Јувентус доби пенал благодарение на ВАР иако судијата Мариани беше блиску во моментот кога Думфрис го удри Алекс Сандро.

Сопственикот на Наполи има замерки и на други одлуки, па „Кориере дело Спорт“ тврди дека тој ги побарал аудио фајловите од ВАР од последните два меча на Јувентус.

Тој ова го прави бидејќи во 2018 година Јувентус го доби одлучувачкиот меч за титулата против Интер со контроверзни одлуки, додека Наполи загуби во Фиренца.

На тој меч Миралем Пјаниќ не доби втор жолт картон за фаул над Рафиња, особено што Матиас Весино веќе имаше добиено директен црвен картон.

Тогаш од судиската организација рекоа дека ВАР фајловите од тој меч исчезнале, па Наполи сега не сака да се случи истото и уште на почеток од сезоната почнува да ги бара дијалозите меѓу судиите од мечевите на Јувентус.

Коронавирус