четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Фудбал

Највозрасниот фудбалер на светот Миура потпиша нов договор

Највозрасниот фудбалер на светот Миура потпиша нов договор

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура, кој на 26 февруари ќе го прослави својот 54 роденден, го продолжи за уште една година договорот со прволигашот Јокохама.

Миура минатиот септември постави нов светски рекорд како највозрасен фудбалер, појавувајќи се на теренот во дресот на јапонскиот прволигаш Јокохама со 53 години, шест месеци и 28 денови.

Новиот договор „Кралот Казу“, кој на својот дрес го носи бројот 11, го потпиша денеска, на 11 јануари, во 11 часот и 11 минути.

-Мојата страст за играње фудбал само се зголемува, изјави Миура при потпишувањето на новиот договор со членот на јапонската Прва лига. (МИА)

Коронавирус