недела, 11. јуни 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најстариот клуб во Шпанија продаден за 1 евро

Најстариот клуб во Шпанија продаден за 1 евро

Најстариот клуб во Шпанија, Рекреативо Хуелва е продаден за само едно евро. Ваквиот исход е резултат на долговите во кои е клубот. Се проценува дека долгот изнесува 7,6 милиони евра.

Формиран во далечната 1889 година, Рекреативо Хуелва најголемиот успех го постигна до 2003 година, кога играше во финалето на Купот на Шпанија. Моментално тимот е дел од третата лига во Шпанија, а долговите се причина поради која клубот мораше да биде продаден за само едно евро.

Некогашниот шпански селектор, Луис Арагонес, како и докажаните играчи Хуанито, Даниел Гуиза, Антонио Валнсија… се само ден од играчите кои го носеле дресот на Рекреативо Хуелва.