четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 136
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Фудбал

Најстариот фудбалер на светот има 74 години

Најстариот фудбалер на светот има 74 години

Египќанецот Езелдин Бахадер, кој има 74 години, вчера официјално стана највозрасниот активен фудбалер на светот и го доби признанието за Гинисовата книга на рекорди.

Бахадар ги одигра сите 90 минути за клубот „6 октомври“ на натпреварот од третата лига на Египет, против „Ел Ајет Спортс“. Неговиот тим загуби со 3: 2.

Бахадер одигра два официјални натпревара по 90 минути. Првиот натпревар се одигра пред паузата поради корона-пандемијата, па тој мораше да чека седум месеци за да го одигра и вториот натпревар. Со тоа, тој го исполни условот за да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди.

Бахадер е роден на 3 ноември 1945 година и го урна рекордот што до вчера го држеше Израелецот Исак Хаика, кој бранеше минатата година за израелски тим на 73-годишна возраст.

Коронавирус