четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 147
home Фудбал

Најнголан го шокираше Интер со изборот за нов клуб

Најнголан го шокираше Интер со изборот за нов клуб

Раџа Најнголан продолжува да изненадува но се чини дека овојпат сака да му врати на Интер мило за драго затоа што не се однесуваше кон него како што треба. Миланскиот клуб прво го изостави од првиот тим, па сакаше да го продаде, но потоа го стави на списокот за предсезонските натпревари, а сега повторно сака да го продаде.

Интер имал добра понуда за него од Кина вредна 30 милиони евра и сака под итно да го продаде бидејќи за четири дена завршува трансферниот пазар во Азија. Меѓутоа популарниот „Нинџа“ има друга идеја. Тој не сака во Кина, сака да остане во Италија, поточно сака да се врати во Каљари, во клубот од кој замина во Рома, а од таму во Интер.

А јасно е дека Каљари не може да плати толку, а Интер сака да избоксува што е можно повеќе пари и барем делумно да ги покрие трошоците од неговиот трансфер од Рома минатото лето бидејќи се воспостави дека фудбалерот е тотално промашување.

Доколку нема ништо од Кина, тогаш Интер би можел да го позајми Најнголан и така да спаси нбарем околу 9 милиони бруто колку што треба да му платат наредната сезона.

Во меѓувреме и Сампдорија е заинтересирана за белгискиот интернационалец.

Извор: sportmedia.mk

 

Коронавирус