сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Најлудиот трансфер летово: Рома купи анонимец од Кембриџ, кој не го ни гледале во живо!?

Најлудиот трансфер летово: Рома купи анонимец од Кембриџ, кој не го ни гледале во живо!?

Анонимниот тинејџер Мбуња Алеманџи, кој досега беше член на англискиот четвртолигаш Кембриџ не ни сонувал дека летово може да направи голем трансфер, ама му се случи трансфер од соништата и заврши во италијанскиот калчолигаш Рома.

Алеманџи има само 16 години, а Рома го купила „олд скул“ гледајќи го само на видео материјали, па сега откако дојде во „волчицата“ и е приклучен на тимот до 17 години, спорткиот сектор првпат ќе има шанса да го види на дело и во живо, дали погодиле или промашиле со трансферот.

За ангажманот на црномурестиот фудбалер платиле отштета од 70.000 фунти, а младиот Мбуња е пресреќен што доаѓа во европски гигант.

„Ова е голем чекор за мене, ама јас продолжувам да се докажувам, без оглед дали е Кембриџ или Рома. Моите другари се во шок, постојано ми велат: ‘Дали си свесен дека ќе играш за Рома’. А, јас се трудам да останам цврсто на земја“, вели Алеманџи.

Во Рома дошол откако менаџеот на холандската ѕвезда Мемфис Депај го видел, па пратил видео-материјал кај спортскиот директор на Рома, Морган Де Сантис, а овој воодушевен од тоа што го видел, веднаш дал „зелено светло“ да се реализира трансферот и не чекал ни момент.

„Сè се случи за време на пандемијата, мојот менаџер ми се јави да ми каже дека Рома се интересирала. Рома е голем клуб и немаше што да размислувам. За една недела ми се јави пак и само ми кажа дека мора да одам во Рим на две недели. И не знаев што да одговорам, освен – уау. Моето доаѓање малку се одолговлечи, но на крај сè испадна како што треба. И едно утро откако дојдов, излегов од соба, зашто моравме на корона-тест, а прво што налетав беше Педро (новото засилување на римјаните – н.з.) и останав во шок“, додава Алеманџи.

Коронавирус