среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 98
home Фудбал

Најискусниот играч на Англија нема да патува на Мундијалот во Русија

Најискусниот играч на Англија нема да патува на Мундијалот во Русија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ќе приреди едно од најголемите изненадувања пред Светското првенство во Русија ова лето, соопшти денеска „Сан“.

Тој нема да го вклучи ветеранот Џо Харт, за кој се веруваше дека е на листата, иако не и меѓу стартерите, соопшти изданието. Харт ќе беше најискусниот играч со 75 натпревари и три големи шампионати зад себе.

Веста е шокантна и за печатот на Островот и за голманот, кој, според неговите зборови, „не може да поверува дека ќе остане надвор од 23-те играчи кои ќе патуваат за Русија“.

Во негово отсуство, се очекува Џордан Пикфорд од Евертон да застане на голот, а втор голман да биде Џек Батланд од Стоук. Трет избор веројатно ќе биде Ник Поуп од Барнли.

Веста била објавена од Саутгејт во личен разговор со Харт по телефон. Во негово отсуство, најискусен кај англиските репрезентативци се очекува да биде Гери Кејхил, кој има 58 натпревари во националниот дрес.

МИА

Коронавирус