четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Фудбал

Најголем трансфер во историјата на Брегалница, Манев потпиша за Адана

Најголем трансфер во историјата на Брегалница, Манев потпиша за Адана

Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница од Штип соопшти денеска дека го реализирала најголемиот трансфер во клупската историја, откако македонскиот младински репрезентативец и еден од најдобрите играчи на штипскиот клуб Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во турскиот прволигаш Адана.

– По неколкудневните интензивни преговори меѓу двата клуба и официјално договорена е преселбата на 21-годишниот Манев во Адана, трансфер на кој Брегалница е исклучително горда како начин и за промоција на сопствениот начин на работа со силна поддршка за младите и талентирани македонски фудбалери, соопшти попладнево штипскиот прволигаш.

Новиот клуб на Манев е предводен од клупата од легендарниот поранешен италијански репрезентативец Винченцо Монтела, а редовите на Адана настапува поранешниот фудбалер на Интер, Милан, Манчестер сити и Ливерпул Марио Балотели.

– Овој трансфер е силна потврда на сите наши заложби за максимална поддршка на младите и талентирани фудбалери, кои, како што истакнавме и со преземањето на клубот, ќе бидат секогаш максимално промовирани во интерес и на нашите и на нивните кариери, на клубот и на македонскиот фудбал, изјави за клупскиот сајт спортскиот директор н Брегалница, Никола Тонев.

Коронавирус