вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Фудбал

Најдовски: Не треба да ја потценуваме Победа, треба да останеме на врвот што подолго

Најдовски: Не треба да ја потценуваме Победа, треба да останеме на врвот што подолго

Екипата на Вардар денес од 15 часот гостува на Победа во рамките од 8. коло во Првата лига, а натпреварот ќе се игра на неутрален терен на стадионот во Штип. Со победата над Силекс минатото коло, Вардар се искачи на врвот на табелата, откако „црвено-црните“ се во серија од три победи по ред – Шкупи, Работнички, Силекс.

Поранешниот играч на Победа и актуелен на Вардар, Филип Најдовски, најави нов триумф и продолжување на победничката серија на вардарци.

– Минав убав период во Победа, меѓутоа сега би дал сè за победа на Вардар и за останување на првото место на табелата. Тоа што ја победија Шкендија минатото коло и тоа на нејзин терен во Тетово, треба да ни биде сериозна опомена дека не треба никако да ги потцениме. За нас приоритет се трите бода и ќе дадеме максимум да ги освоиме, изјави Најдовски.

Потсети дека се уште е почеток на сезоната и треба да се оди натпревар по натпревар, со цел да се остане на врвот што е можно подолго.

– Првенствотото е уште на почетокот и има уште многу натпревари. Како што кажа Васоски, не треба да мислиме на минатото, туку само кон идните натпревари. Одиме натпревар по натпревар. На секој меч мора да дадеме максимум, да освојуваме бодови, и најважно ќе биде да останеме на врвот што подолго, вели играчот од средниот ред на Вардар.

МИА

Коронавирус