вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 90
home Фудбал

Најбараниот Србин ќе си остане во Лацио до – 2024 година?

Најбараниот Србин ќе си остане во Лацио до – 2024 година?

Најбараниот српски репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој две години по ред е во фокусот дека ќе направи џиновски трансфер од Лацио, по се изгледа уште долго ќе игра во небесно синиот дрес на „Олимпико“.

Како што објави новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Шира, Лацио и првиот човек на клубот Клаудио Лотито сега работат на случајот да потпишат нов договор со српскиот офанзивен фудбалер за врска со кој ќе го задржат до 2024 година. Според најавите, Лацио со новиот договор со Милинковиќ-Савиќ ќе се обврзе да му плаќа по четири милиони евра по сезона, а откупната клаузула би била астрономска.

Во изминатиот период Србинот се поврзуваше со трансфер во ПСЖ и Интер, а претходно голем интерес имаше и од Јувентус. Лотито летово призна дека лани одбил 150 милиони евра, најверојатно од Реал Мадрид (не сакаше да го соопшти името на клубот, освен дека станува збор за европски великан).

Коронавирус