недела, 9. мај 2021. Вести денес: 90
home Фудбал

Наинголан оди во Кина за 50 милиони евра

Наинголан оди во Кина за 50 милиони евра

Фудбалерот на Рома Раџа Наинголан е близу до трансфер во кинескиот шампион Гвангџоу Евергранде во трансфер вреден 50 милиони евра, објави весникот „Газета дело Спорт“.

Наинголан првично ќе биде позајмен во тимот што го предводи италијанскиот тренер Фабио Канаваро, со обврска на кинеската страна да плати 50 милиони евра на 30 јуни.

Белгиецот ќе заработат 12 милиони евра годишно во Кина и ќе биде меѓу најплатените светски фудбалери.

Рома одлучи да преземе таков чекор поради голем број проблеми со Наинголан надвор од теренот, како што е неспортски начин на живот, бидејќи се појавија видео снимки на социјалните мрежи како тој пуши и пие алкохол.

Коронавирус