среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Фудбал

Наинголан бара помош од Тоти да се врати во Рома

Наинголан бара помош од Тоти да се врати во Рома

Играчот од средниот ред на Интер, Раџа Наинголан сака да го напушти тимот и да се врати во Рома.

Ова го соопштил белгискиот фудбалер на свој пријател, објавија италијанските медиуми.

– Сакам да се вратам во Рома. Јас направив се за доброто на Интер и не добив ништо за возврат. Тие правата сé за да го напуштам тимот. Сега нема да играм за Интер. Можеби Тоти со кого имам пријателски однос, ќе ми помогне да се вратам во Рома, изјавил Наинголан.

Интер пред неколку дена го суспендира Наинголан поради доцнење на тренинг, по што тој нема да биде во составот на вечерашниот натпревар со Наполи.

МИА