среда, 23. септември 2020. Вести денес: 164
home Фудбал

Нагелсман: Против ПСЖ ќе биде тешко, но ние имаме план

Нагелсман: Против ПСЖ ќе биде тешко, но ние имаме план

Тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман беше воодушевен по успехот со 2:1 над Атлетико Мадрид и квалификациите за полуфиналето на Лигата на шампионите.

Сепак, тој изјави дека неговиот тим цели уште повисоко.

– Не создадовме многу позиции во првото полувреме, но добро се браневме. Не можете да имате многу можности во последната третина од теренот против тим како Атлетико. Нашата напаѓачка игра денес беше различна. Противникот не создаде многу позиции, ние имавме повеќе. Нормално е кога ќе стигнете толку далеку напред, да сакате повеќе. Ние ќе славиме вечерва, но утре ќе почнеме да размислуваме за ПСЖ. Тоа ќе биде уште еден тежок натпревар, но ние имаме план, рече Нагелсман по мечот. (MИА)

Коронавирус