петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 167
home Фудбал

Нагелсман: Левандовски треба да ја добие Златната топка

Нагелсман: Левандовски треба да ја добие Златната топка

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман смета дека напаѓачот Роберт Левандовски треба да ја добие Златната топка на крајот на годината.

– Левандовски ја заслужува Златната топка. Мислам дека треба да го добие признанието, бидејќи во последните три години беше поконзистентен од кој било друг фудбалер. Роберт е многу динамичен, има малку повреди, тренира интензивно, истакна Нагелсман  за „Абенцајтунг“.

Полскиот фудбалер минатата сезона настапи на 40 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 48 гола и девет асистенции.

Во тековната сезона, Левандовски настапи на седум натпревари од германското првенство, постигна седум гола и оствари една асистенција.

Коронавирус