недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Над две третини од фудбалерите во Премиер лига се вакцинирани

Над две третини од фудбалерите во Премиер лига се вакцинирани
МИА

Премиер лигата денеска соопшти дека над две третини од  фудбалерите во англиското првенство се целосно вакцинирани против коронавирус, додека 81 отсто примиле барем една доза од вакцината, јави ДПА.

-Премиер лигата на неделна основа собира податоци во врска со вакцинирањето и продолжува да работи со клубовите на поттикнување за вакцинирање меѓу фудбалерите и клупскиот персонал. Лигата нема да излегува во јавност со посебни детали за клубови или поединци, а бројките за процентот на вакцинирани фудбалери во иднина нема да се објавува во соодветните интервали, се наведува во соопштението.

Британските медиуми објавија минатиот месец дека само седум од вкупно 20 прволигашки екипи настапиле со екипи во кои се вакцинирани повеќе од 50 отсто од играчите.  (МИА)

Коронавирус