вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 180
home Фудбал

На СП без Манасков, Борко, Џомба: Кире и Столе ќе ја водат подмладената Македонија

На СП без Манасков, Борко, Џомба: Кире и Столе ќе ја водат подмладената Македонија

Селекторот Данило Брестовац реши сериозно да ја подмлади репрезентацијата за претстојниот светски шампионат во Египет, бришејќи неколку имиња од списокот на патници за Каиро. Крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски ќе ги нема во црвено-жолтиот дрес во земјата на „фараоните“, исто како и голманот Борко Ристовски, кој го пропушти и квалификацискиот двомеч со Финска и со Швајцарија кон крајот на 2020 година.

Од поискусните ракометари Брестовац за лидери ги зеде капитенот Лазаров и пивотот Стојанче Стоилов, кој за разлика од Георгиевски и Манасков одговори позитивно на повикот да се приклучи на подготовките за СП во Египет.

Стручниот штаб беше задоволен од прикажаната игра на подмладената репрезентација на двомечот со Чиле во изминатата седмица, па сега голем дел од овие ракометари ќе добијат шанса и на едно големо натпреварување да го облечат репрезентативниот дрес, што сигурно ќе им биде големо искуство и за во иднина.

извор: ekipa.mk

Коронавирус