четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 115
home Фудбал

На Ругани му е здодевно: Добар сум, но ги изгледав сите филмови на Нетфликс

На Ругани му е здодевно: Добар сум, но ги изгледав сите филмови на Нетфликс

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани беше првиот фудбалер од најсилните лиги кој беше тестиран како позитивен на вирусот ковид-19. Поради него во изолација беа испратени играчите на Јувентус, Интер, но и официјалните лица кои го судеа „Дерби Д’ Италија“.

Стоперот зборуваше за „Јувентус ТВ“ за тоа како ги минува деновите и каква е неговата состојба.

„Добар сум, навистина добар. Ги немав симптомите кои се предвидени, имав среќа. Се надевам мојот случај како прв во спортската јавност беше повик за повисоко ниво на свест. Одморен сум и се надевам дека ситуцијата ќе се промени брзо“, призна Ругани.

Италијанецот се пошегува дека ги изгледал сите можни филмови во времето кое го мина во изолација.

„Веќе ми недостигаат луѓето од моето опкружување. Сам сум во хотелот, карантинот трае предолго и многу ми е здодевно, но мора да се мине тоа. Ги изгледав речиси сите филмови на Нетфликс. Препорачајте ми доколку знаете некој добар филм“, се пошегува стоперот.

Случајот на Ругани беше најавен пред пет дена, од кога играчот е во карантин, но и екипата се наоѓа во изолација, поради опасност од ширење на заразниот вирус.

Коронавирус