вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

На повидок изненадувачки трансфер: Арсенал тргнува по искусниот играч на Ливерпул

На повидок изненадувачки трансфер: Арсенал тргнува по искусниот играч на Ливерпул

По уште една очајна сезона која останува зад нив, од редовите на Арсенал се приморани да го засилат тим за предстојната сезона.

Иако навивачите очекуваа некое ѕвучно засилување, сепак од тоа се уште нема ништо.

Досега „топџиите“ ги ангажираа само Нуно Таварес од Бенфика и младиот играч за врска на Андерлехт, Алберт Самби Локонг.

Скај Спорт пишува дека Арсенал сака да го донесе капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.

Хендерсон има уште двегодишен договор со Ливерпул, а клубот размислува да го продаде овој 31 годишник. Арсенал е во потрага по искусен играч за врска, па во него гледа идеално засилување.

Коронавирус