Вистинска драма со здравствената состојба на Мауро Белуџи (70), некогашен играч на Интер и репрезентацијата на Италија. Имено поради проблеми со Ковид-19, тој на почетокот на минатиот месец е примен во болница на лечење. По компликациите со коронавирусот што следуваат, на Мауро му се ампутирани двете нозе, пренесува Спортмедиа.мк
“Коронавирусот ми ја одзеде ногата со која и дадов гол на Борусија Менхенгладбах“ изјави Белуџи, кој на тој меч од Купот на Шампионите го постигна единствениот гол во својата кариера. Интер на тој меч победи со 4:2
Инаку Белуџи покрај Интер, играше и за Наполи и Болоња, а во селекцијата на „аѕурите“ одигра 32 меча.