среда, 22. мај 2019. Вести денес: 4
home Фудбал

На мечот не се виде, но по него направи свое шоу: Гризман прво изеде хамбургер со пиво, па испрати провокација до Реал и Рамос (ФОТО)

На мечот не се виде, но по него направи свое шоу: Гризман прво изеде хамбургер со пиво, па испрати провокација до Реал и Рамос (ФОТО)

Атлетико Мадрид го освои европскиот Суперкуп со победата од 4:2 над Реал Мадрид после продолженија. Еден од јунаците на натпреварот беше Диего Коста, кој на „кралевите“ им даде два гола, а точно толку голови имаше во 11-те претходни натпревари против овој противник.

-Со ваква желба и ма*иња, можеме да се бориме против било кој тим. Ова го чекавме долго. Две финалиња изгубивме од нив, сега им вративме, изјави Коста.

Иако ниту даде гол, ниту асистираше, да бидеме искрени, не се ни виде на теренот, Антоан Гризман, кој излезе од игра во второто полувреме, се потруди по мечот да биде во центарот на вниманието. Францускиот напаѓач објави фотографија од соблекувалната, каде во едната рака држи хамбургер, а во другата пиво, се ќе беше ОК, доколку тука сопреше.

Но, не сопре.

Гризнам имаше потреба да ги провоцира фановите на Реал откако објави слика од себе на престолот и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, како му става круна на главата.