среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

На Дани Алвеш му го украдоа автомобилот од паркинг во Сао Паоло

На Дани Алвеш му го украдоа автомобилот од паркинг во Сао Паоло

Долгогодишниот фудбалер на Барселона, Дани Алвеш, кој сега настапува во Сао Паоло, остана без своето возило.

Возилото на Алвеш е украдено на платен паркинг во реонот Пинејрос во Сао Паоло.

Како што пишува Globo Esporte, непознат маж дојде на паркингот и со оружје в рака ги натера чуварите да му ја предадат колата.

Алвеш случајот го пријави во полиција.