недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

На Апенините открија колку ќе му се зголеми плата на Елмас со новиот договор во Наполи

На Апенините открија колку ќе му се зголеми плата на Елмас со новиот договор во Наполи

Македонскиот бисер Елиф Елмас, кој ги собра симпатиите во Италија после дебитантската калчолигашка сезона во дресот на Наполи, наскоро и официјално ќе го продолжи договорот до 2025 година со актуелниот клуб, нешто што го најавија и од клубот, ама и неговиот менаџер.

Според италијанскиот новинар на „РАИ“, Чиро Венерато познато е колку ќе се зголеми платата на Елмас со продолжувањето на договорот. Елмас во Неапол дојде ланското лето за 16 милиони евра плус бонуси од Фенербахче и потпиша петгодишен договор со по 1,5 милиони евра од сезона годишна плата.

Сега, зголемувањето на платата со новиот договор, Елмас ќе добие за 300.000 евра повеќе, односно 1,8 милиони, но засега не е познато колку евентуално би се зголемила откупната клаузула со таа нова соработка со наполитанците. Ова зголемување за 300.000 евра ќе значи во следните пет години, Елмас да добие плата плус (1,5 милиони евра) од тоа што го имаше како приход според стариот договор.

Македонскиот репрезентативец сезонава со Наполи го освои Купот на Италија, а успеа да постигне еден гол и да запише една асистенција, во над 30-те меча за италијанскиот калчолигаш. Сега му останува предизвикот во ЛШ и пресметката во Барселона со каталонската гордост во реванш осминафиналето (1-1 по првиот меч), а поради повредата на Лоренцо Инсиње и неизвесноста дали капитенот ќе ига, голема е веројатноста Елмас да биде стартер на мечот.

Коронавирус