среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Н’Голо Канте прво засилување на Манчестер Јунајтед?

Н’Голо Канте прво засилување на Манчестер Јунајтед?

Шпекулациите околу тоа кое ќе биде првото засилување на новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг продолжуваат во англиските медиуми и по Френки де Јонг од Барселона, прва желба на Холанѓанецот е Н’Голо Канте од Челси, објави „Дејли мирор“.

Тен Хаг, кој потпиша тригодишен договор со „ѓаволите“, според очекувањата, треба да предводи „ремонт“ на тимот на „Олд Трафорд“ со голем број заминувања, но и пристигнувања во клубот.

Средината на теренот е првиот проблем на Тен Хаг, бидејќи од клубот заминуваат Пол Погба и Немања Матиќ и потребен му е искусен фудбалер, како 31-годишниот Канте, кој има уште една година од договорот со Челси и би можел да биде достапен ако новиот газда на „сините“, Тод Бели одреди повисок буџет за трансфери во клубот.

Коронавирус