недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Фудбал

Муту треба да му плати на Челзи 17 милиони евра

Муту треба да му плати на Челзи 17 милиони евра

Европскиот суд за човекови права нареди поранешниот романски напаѓач Адријан Муту да му плати на Челзи 17 милиони евра како компензација за трансферот во Јувентус, пренесува „Фудбал Италија“. Во октомври 2004 година, Муту даде позитивен тест за кокаин, поради што тој беше дисквалификуван. Напаѓачот беше избркан од Челзи и по неговото преминување во Јуве, англискиот клуб се сврте кон ФИФА за надомест.

Во 2008 година, телото за решавање на споровите на ФИФА одлучи Муту да исплати отштета во износ од 17,173,990 евра. Во 2013 година истиот орган им нареди на Јувентус и Ливорно да ја платат отштетата, бидејќи Муту првично потпиша договор со последниот. Оваа одлука беше укината од Спорниот арбитражен суд (КAC) во 2015 година.

Муту се жалеше пред Европскиот суд за човекови права, но таму открија дека фудбалерот немал доволно докази против одлуката на КАС и треба да му плати на Челзи 17 милиони евра. Романецот инсистира дека не може да си дозволи да го плати тој износ. За време на неговата клубска кариера, Муту постигна 160 гола во 437 натпревари. За националниот тим забележа 73 натпревари и 33 гола.

Коронавирус