вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 111
home Фудбал

Мутко поднесе оставка и на местото претседател на ОК за СП

Мутко поднесе оставка и на местото претседател на ОК за СП

Рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко поднесе оставка од функцијата претседател на Организацискиот комитет за Светското првенство 2018 што ќе се игра во неговата земја, откако претходно привремено ја напушти позицијата прв човек на Рускиот фудбалски сојуз.

Мутко привремено го напушти сојузот во понеделникот додека трае жалбата за неговата доживотна забрана од Олимписките игри поради обвиненија за системски допинг.

На местото доаѓа Алексеј Сорокин.

– Сорокин ќе соработува со ФИФА, а ќе координира од страната на владата, изјави Мутко за руската агенција Тас.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го пофали потегот на Мутко, особено откако Сорокин стана член на Советот на ФИФА во септември, а од 2011 година е во Организацискиот комитет за Мундијалот.

Коронавирус