сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Фудбал

Mурињо: Знам што се случуваше, еден играч на Англија одби да шутира пенал

Mурињо: Знам што се случуваше, еден играч на Англија одби да шутира пенал

Во овие денови не е лесно да се биде Англичанец, толку многу се надеваа Англичаните дека за првпат ќе го освојат Европското првенство, но на крајот останаа со празни раце и трофејот заврши во рацете на Италија.

Многу се коментира моментот од пенал серијата кога 19 годишниот Бакајо Сака ја презема одговорноста да го шутира клучниот пенал. Жозе Мурињо прво изјави дека поискусните фудбалери во репрезентацијата не смееле да дозволат 19 годишно момче да решава за судбината на Англија, а сега тврди дека знае кој одбил да шутира.

„Добив некои одговори. Знам што се случуваше. Еден играч кој требаше да шутира не сакаше да преземе толкава одговорност. Нмеа да ви откријам за кого станува збор, но со сигурност ви кажувам дека еден играч одби да изведе пенал“, тврди Жозе.

Локални избори 2021