вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Фудбал

Мурињо за провокацијата кон навивачите на Јувентус: Сакав да ги слушнам погласно

Мурињо за провокацијата кон навивачите на Јувентус: Сакав да ги слушнам погласно

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја објасни неговата реакција по синоќешната победа над Јувентус во Лигата на шампионите остварена во последните пет минути.

Манчестер доби речиси изгубен натпревар по што Португалецот излезе на теренот и ја стави дланката на уво провоцирајќи ги домашните навивачи дека не ги слуша.

-Тоа беше реакција на нивните навреди кон мене и моето семејство кои траеја цел натпревар. Веројатно не требаше тоа да го сторам, но во напната атмосфера се случи. Со гестот им порачав дека сакам да ги слушнам погласно, објасни Мурињо.

По четири рунди во Х-групата од ЛШ Јувентус има девет бода, Манчестер Јунајтед седум, Валенсија пет, Јанг Бојс еден.

МИА