среда, 4. август 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

Мурињо за Модриќ: „Секој што сака фудбал ќе биде тажен кога ќе си замине“

Мурињо за Модриќ: „Секој што сака фудбал ќе биде тажен кога ќе си замине“

Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар на ЕП, но дали играше последен пат за Хрватска.

„Деновиве ќе разговарам со Лука, па заедно ќе донесеме одлука“ – изјави селекторот Златко Далиќ на таа тема.

Модриќ го започна „проектот Катар 2022“, сепак, по големите натпреварувања, се повторуваат слични прашања. Во секој случај, кога и ако Лука ја заврши кариерата, не само репрезентацијата, фудбалот ќе изгуби генијалец.

„Луѓето кои го сакаат фудбалот ќе бидат ужасно тажни кога тој ќе замине“, се огласи Жозе Мурињо во интервју за ТалкСпорт.

Португалецот се наврати на доаѓањето на Хрватскиот капитен на „Сантијаго Бернабеу“ пред 10 години од Тотенхем.

Кога вчера го напушти теренот против Шпанија, Мурињо ја забележа и големината на Лука.

„Мислам дека не само што Хрватите му аплаудираа, туку и Шпанците, целиот стадион. Тој е почитуван и ценет од сите“, заврши Мурињо.

Коронавирус