петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 89
home Фудбал

Мурињо во Париз на разговор со раководството на ПСЖ

Мурињо во Париз на разговор со раководството на ПСЖ

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо повторно е централна тема за медиумите на Островот. Британски „Сан“ информира за средба меѓу невработениот во моментов Португалец и сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи.

Според информациите, двајцата зборувале долго, а најверојатно темите се две. Според првата верзија, Мурињо сака да се одмазди на веќе поранешниот тим, кој се соочува токму против ПСЖ во елиминациите од осминафиналето на Лигата на Шампионите и е подготвен да открие тајни „од кујната“, кои ќе помогнат на Французите, а со тоа да им врати на неговите поранешни работодавачи за предвремениот отказ.

Другата верзија е дека Португалецот преговара за иден тренер на ПСЖ и разговара за условите за своето назначување.

Потсетуваме дека Мурињо објави дека нема да брза со изборот на новиот тим, истакнувајќи дека тоа треба да е тим со амбиции, а работата во него да е вистински предизвик.