вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Фудбал

Мурињо: Тешко е да одбивам понуди, но имам право на избор

Мурињо: Тешко е да одбивам понуди, но имам право на избор

Жозе Мурињо инсистира на тоа дека ќе преземе клуб, каде што навистина го сакаат како менаџер.

Португалскиот тактичар е без тим, откако Манчестер Јунајтед го отпушти минатиот декември и го замени со Оле Гунар Солскјер.

Иако веќе доби неколку понуди, поранешниот ментор на Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто сè уште не брза да се врати во тренерската професија. 56-годишниот Мурињо инсистира на тоа дека ќе се врати само ако тој е навистина посакуван од конкретниот клуб.

– Најтешко е за мене е да кажам „не“ на сите предлози. Морам да работам, затоа што внатрешно, секогаш сум импулсивен во однос на работата. Ако имам можност да работам, сакам да кажам: „Почнуваме“. Да одбивам предлози е нешто многу, многу, многу тешко, вели Специјалниот за „Скај Спортс“.

На прашањето зошто одбива, стратегот вели вака: „Затоа што тоа не е предизвикот што го сакам. Но, со сета почит кон предлозите што ги добив од клубовите, сакам да имам право да бирам луѓе кои се „Мурињовци“ – како што сакаат да кажат луѓето во Португалија, Шпанија и Италија – „Мурињовец“ е личност, кој е фан. Тие сакаат јас да бидам таму, каде што припаѓам, така што кај мене не станува збор да кажам „добро, еве ја мојата понуда и ќе ја прифатам“. Морам да бидам трпелив и да чекам на вистинската можност, и таа да одговара на моето ниво како менаџер“.