вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Фудбал

Мурињо си најде нова професија: Никој не го очекуваше тренерот на вакво работно место, фановите воодушевени

Мурињо си најде нова професија: Никој не го очекуваше тренерот на вакво работно место, фановите воодушевени

Португалскиот фудбалерски тренер, Жозе Мурињо, по отказот во Манчестер јунајтед најде нова работа како специјален коментарот на руската телевизија РТ.

Телевизијата најави дека Португалецот ќе ја води емисијата  „On the touchline with Jose Mourinho“, која ќе се емитува на секои две недели од 7-ми март. Мурињо во емисијата ќе треба да прави анализи на натпреварите во Лига на шампионите, како и за други случувања во светот на фудбалот.

Првата емисија ќе се емитува по првите натпревари во осминафиналето на Лигата на шамопини,а последната по финалето во Мадрид на 1 јуни. Мурињо во декември доби отказ во Манчестер јунајтед поради лошите резултати.