среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Фудбал

Мурињо сака клубот да го продолжи договорот со Сон

Мурињо сака клубот да го продолжи договорот со Сон

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека би сакал да го продолжи договорот со напаѓачот Сон Хеунг Мин.

– Би сакал Сон да го обнови договорот. Според сегашниот договор, тој има уште три години, така што ситуацијата не е многу алармантна, но би било одлично да се потпише на подолг рок. Се надевам дека и самиот Сон сака да го продолжи престојот во Тотенхем. Сите во клубот го сакаат, тој заслужува нов договор, изјави Мурињо за „Goal.com“.

Во сезоната 2020/21, 28-годишниот репрезентативец на Јужна Кореја има девет голови и четири асистенции на осум натпревари. (МИА)

Коронавирус