петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Мурињо: Раниери е еден од најзначајните тренери во историјата на Премиер лигата

Мурињо: Раниери е еден од најзначајните тренери во историјата на Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги пофали Маркус Рашфорд и Андер Ерера за нивниот настап во дербито против Арсенал, што заврши 2:2.

Според Португалецот двајцата дале многу енергија на тимот, која била потребна во натпревар како овој и се надева дека таа ќе се пренесе и во следните натпревари на „црвените ѓаволи“.

– Знаете дека има играчи со посебни карактеристики. За пример ќе ги дадам Ерера и Рашфорд, кои дури и да не играат феноменални натпревари, успеваат да компензираат со движење, со желба, со страст, со пожртвуваност и тоа секогаш е од корист. Но, мислам дека против Арсенал целиот тим ја покажа оваа желба, таа енергија и се надевам дека тоа ќе се задржи и во наредните натпревари, рече Мурињо.

Португалецот изјави дека се уште не знае на кои играчи ќе може да смета во претстојниот натпревар со Фулам викендов.

– Денешниот тренинг ќе ни даде повеќе одговори, но засега Смолинг, Џонс, Марсијал и Баји се дискутабилни. Линделоф и Алексис се во аут. Нормално е во таква набиена програма играчите да не се подготвени 100 проценти за секој натпревар, но тие треба да покажуваат желба, како Смолинг против Арсенал, додаде Мурињо.

Што се однесува до Фулам, кој е следниот противник на „црвените ѓаволи“ викендов, Мурињо смета дека очекувањата од оваа екипа не се толку високи колку од неговиот тим.

– Но, тоа не може да е оправдување. Ние си поставивме за цел уште пред неколку недели да не дозволиме ниту еден пораз во декември. Во последните натпревари покажуваме желба, но стигнавме до победа само против Јанг Бојс и имавме три реми. Сакам да влегуваме со став дека ќе победиме на секој натпревар, но не треба да заборавиме дека противникот нема да се победи сам, бидејќи на теренот сме 11 против 11, не 11 против нула. Фулам го има еден од најзначајаните менаџери во целата историја на Премиер лигата во лицето на Клаудио Раниери и сигурен сум дека ќе ни отежнат максимално, заврши Мурињо.

 

Коронавирус