вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Фудбал

Мурињо предвидува рекорден трансфер на Мбапе

Мурињо предвидува рекорден трансфер на Мбапе

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо прогнозира дека младата француска ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе ги подобри сите трансфер рекорди, ако дојде до негова продажба.

-Не можеме да знаеме што ќе се случи по пет или десет години. Тој сега е неверојатен. Возраста е многу важна во трансферите и, од оваа гледна точка, Мбапе е најскапиот играч во моментот. Ако стане збор за негов трансфер, тоа ќе биде рекорд, вели Мурињо пред „Беин Спортс“.

Во меѓувреме стана јасно дека Мбапе и клубскиот колега Адриен Рабио биле казнети со по 180.000 евра поради задоцнување за состанок на тимот пред натпреварот со Марсеј од 11-тото коло на 28 октомври минатата година.

Парите беа префрлени на сметките на Фондацијата на ПСЖ. (МИА)