сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо пред градското дерби: Ке се обидеме да ја повториме играта од Торино

Мурињо пред градското дерби: Ке се обидеме да ја повториме играта од Торино

Откако од неодамна ги подобри своите перформанси, тимот на Манчестер Јунајтед сега се соочува со Манчестер Сити. Пред дуелот од 12-тото коло на Премиер лигата „црвените ѓаволи“ заостануваат на 9 поени од лидерот и при евентуален пораз, разликата ќе скокне на 12.

– Ако одиграме нерешено, разликата останува 9 поени. Ако изгубиме, тоа е 12, па ова не е начинот на кој треба да гледаме на претстојниот меч. Во контекст на сезоната овој дуел треба да биде лесен за нив и тежок за нас, но сакам да го гледам како посебен настан. Тогаш тој ќе биде тежок и за нив, изјави менаџерот Жозе Мурињо на редовната прес-конференција пред мечевите во англиската елита.

Португалецот изјави дека „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да извлечат позитивен резултат од дуелот и ќе се обидат да го повторат преставувањето од минатите два дуели, кога победуваа со пресврт во последните моменти.

– Средбата со Сити е посебна, но не поради тоа што се случи минатата година, туку бидејќи е дерби и има особен полнеж за навивачите. Ќе се обидеме да извлечеме добар резултат. Одигравме два многу тешки натпревари како гости и успеавме да постигнеме добри резултати. Презентацијата во нив беше позитивна и ќе се обидеме да ја повториме, но не треба да заборавиме колку силен тим е Сити, додаде Мурињо.

Дуелот е в недела во 17,30 часот во домот на „граѓаните“ – стадионот „Етихад“.