понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 148
home Фудбал

Мурињо по триумфот над ЛАСК: Мило ми е што не примивме гол

Мурињо по триумфот над ЛАСК: Мило ми е што не примивме гол

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ги пофали своите играчи за сериозниот став по победата од 3:0 над австрискиот ЛАСК Линц во Лигата на Европа.

– На вакви турнири е многу важно да се започне со три бода, особено кога играте на домашен терен. Момците многу сериозно го сфатија натпреварот, уште од првата минута беше јасно дека не излегоа на забава, туку пристапија целосно професионално. Игравме така, што нашата победа изгледаше лесна, но не беше така. ЛАСК е сериозна екипа која го покажува тоа на своите натпревари од првенството и европските турнири. Фактот што имам 12 играчи на клупата ме прави среќен. Значи, имам повеќе опции. Никој не е отфрлен, сите се вклучени. Игравме многу добро и мило ми е што не примивме гол, изјави Мурињо.

Коронавирус