сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 104
home Фудбал

Мурињо: Пандев погоди дека ќе ни биде тешко во Скопје!

Мурињо: Пандев погоди дека ќе ни биде тешко во Скопје!

Екипата на Тотнем се пласира во плејоф-фазата од Лига Европа, откако вечерва ја совлада Шкендија со 3-1, но далеку потешко од очекуваното, заклучок што го потврди и тренерот на премиерлигашот, Жозе Мурињо.

Португалецот потенцира дека работите на теренот се одвивале онака како што предвидел неговиот поранешен играч во Интер, Горан Пандев.

„Пандев пред некој ден ми кажа дека нема да ни биде лесно мво Скопје и навистина беше така. Убаво е да се победи трипати по ред и тоа далеку од дома. Но, тоа е наша работа – да победуваме. Шкендија има добар тим, кој игра со различен интензитет од нашиот. Стартувавме силно и мислевме дека го имаме натпреварот, но тогаш тие постигнаа гол и ни ја отежнаа работата. Моите фудбалери добро реагираа на ова и на крајот стигнавме до победа“, изјави Мурињо.

Коронавирус