сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Фудбал

Мурињо: Ова е последна сезона за Ибрахимовиќ

Ибрахимовиќ минатото лето го продолжи договорот до крајот на сезоната со премиерлигашот, но по седуммесечната пауза од ноември до јануари играше на само на пет натпревари, по што повторно се повреди.
Мурињо: Ова е последна сезона за Ибрахимовиќ

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Манчестер јунајтед, изјави на денешната прес-конференција тренерот на овој клуб Жозе Мурињо.

Ибрахимовиќ минатото лето го продолжи договорот до крајот на сезоната со премиерлигашот, но по седуммесечната пауза од ноември до јануари играше на само на пет натпревари, по што повторно се повреди.

– Мислам дека ова е негова последна сезона во Манчестер јунајтед, тој треба да одлучи дали ќе продолжи да игра или не. Ова беше тешка сезона за Ибрахимовиќ, истакна Мурињо.

Златан Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ пристигна во јули 2016 година од Пари Сен Жермен, а претходно играше и за Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.

За репрезентацијата на Шведска има настапувано 116 пати и има постигнато 62 голови.

Коронавирус