четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо одбил договор од 100 милиони евра

Мурињо одбил договор од 100 милиони евра

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, кој се уште од крајот на 2018 година е невработен, одбил понуда од богат кинески клуб во износ од 100 милиони евра.

Како што пишува „Скај спортс“, Португалецот одбил понуда од Кина, а со тоа и можноста да се испише во историјата на фудбалот како најплатен тренер во сите времиња.

Станува збор за Гуанжоу Евергранде, чиј претседател Гао Хан кон на неодамнешната средба со Мурињо во Кина му понудил на португалскиот стратег договор од 100 милион евра.

Причината поради која Мурињо ја одбил понудата е неговото семејство, на кое не сакал да им го смени европскиот стил на живот, така што одлучил да почека некоја друга можност. (МИА)