сабота, 8. август 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Очигледно имаме проблеми, но потребно е време

Мурињо: Очигледно имаме проблеми, но потребно е време

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо откри какво е расположението во соблекувалната по поразот во Манчестер Јунајтед во средата.

– Видов тажна соблекувална, тажен автобус и тажен авион. Не сакам да го гледам ова по пораз. Вие не можете да бидете тажни. Мора да бидете многу повеќе од тоа. Да бидете лути. Тоа нема да ги реши нашите проблеми. Очигледно дека имаме проблеми, но ни треба време да работиме на нив. Но, имаме играчи со квалитети и одлична соблекувална, изјави Специјалниот.

Мурињо започна со три последователни победи во Тотенхем, но во средата го дозволи својот прв пораз на „Олд Трафорд“. Утре тимот од Лондон е домаќин на Барнли. На секој од првите четири натпревари на Мурињо, петлите имаат имаат примено два гола.

– Мора да ја поправиме одбраната. Дозволивме два гола на секој натпревар. Мора да работиме на тоа, но тешко е затоа што вчера се опоравуваме и утре имаме нов натпревар. Проблемот не е самата одбрана, туку процесот. Јас не сум сконцентриран на индивидуалните играчи, посочи тој.

Португалецот зборуваше и за ситуацијата на Кристијан Ериксен, чиј договор истекува на крајот на сезоната.

– Сè додека не се случи нешто официјално, нема да коментирам. Единствено што можам да кажам е дека играчот е слободен агент на крајот на сезоната. Секако дека разговарав со него, но нема да споделам ништо од почит кон играчот, заврши стручњакот.

Коронавирус