вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Мурињо незадоволен од однесувањето на ѕвездата на Рома (ВИДЕО)

Мурињо незадоволен од однесувањето на ѕвездата на Рома (ВИДЕО)

Тимот на Рома славеше на уште еден контролен меч од подготовките за новата сезона и тоа против составот на Триестина со погодокот на Никола Залевски во второто полувреме.

Ова беше средба на која тренерот Жозе Мурињо уште еднаш имаше можност на дело да ги види неговите избраници, да воочи некои добри работи, недостатоци кои ќе треба да се корегираат во иднина.

Меѓутоа во „тефтерот“ на Мурињо влегол Николо Ѕаниоло и тоа поради погрешни причини. Младата ѕвезда на „волчицата“ имаше препирки во дефанзивецот на Триестина, Валтер Лопез кој потоа направи и погруб прекршок за да се обиде и да го мавне со топката.

Ова не му се допадна на офанзивецот кој тргна да се пресметува со Лопез по што настана мешаница на теренот.

„Кориере Дело Спорт“ пишува дека на Жозе ова воопшто не му се допаднало и тоа веднаш му го соопштил на Ѕаниоло кој да потсетиме долго време беше во аут по тешката повреда која ја заработи во Лигата на нации на дуело со Холандија во 2020 година.

Коронавирус