петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 11
home Фудбал

Мурињо: Не постои такво нешто како синдром на Тотенхем

Мурињо: Не постои такво нешто како синдром на Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ги отфрли шпекулациите дека тимот страда од синдром, што го спречува клубот да победува на натпревари и трофеи многу години, иако редовно е близу до нив. Во саботата, Тотенхем прокоцка предност од 3:0 против Вест Хем во последните 10 минути од натпреварот, но Мурињо рече дека неговите играчи не ги преживуваат сериозно изгубените два бода.

– Минатото не ми е важно. Треба само да научиме да чуваме подобро во статички ситуации. Верувам дека ако одиграме уште 50 натпревари на кои ќе поведеме со 3:0 во 80-тата минута, нема да изгубиме ниту еден од нив. Не мислам дека постои такво нешто како синдромот на Тотенхем и немам намера повеќе се занимавам со тоа, изјави Португалецот пред првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против австриски ЛАСК Линц.

Менаџерот на Тотенхем додаде дека левиот бек Дани Роуз повеќе не е дел од неговите планови, иако англискиот репрезентативец е сè уште дел од тимот.

– Дани имаше голема желба да си замине уште во јануари минатата година. Тој сакаше да замине некаде да игра. Сепак, пазарот го прават не само играчите, туку и нивните агенти. Мора да го прашате неговиот агент зошто не најде решение и не најде друг тим за него, објасни Мурињо.

За мечот со ЛАСК, Тотенхем ќе биде без дефанзивците Ерик Даер и Џафет Танганга. (МИА)

Коронавирус